• четврток, 20 февруари 2025

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез

Атина, 18 февруари 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо пред 19 часот по локално време во морскиот дел северозападно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, односно во северозападниот дел на Пелопонез, како и на островите Лефкада и Закинтос, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грчкиот сеизмолог Герасимос Пападопоулос на социјалните мрежи коментираше дека конкретниот регион „има значајно сеизмичко минато“, со оглед на тоа што во 1988 година бил регистриран земјотрес од 6 степени, со епицентар во близина на денешниот земјотрес. ср/

Остани поврзан