Земјотрес од 6,8 по Рихтер ја погоди Турција - најмалку четири жртви
- Најмалку четири лица ги загубија животите во денешниот земјотрес што ја погоди Источна Турција со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала. Тоа го соопшти министерот за внатрешни работи
Анкара, 24 јануари 2020 (МИА) - Најмалку четири лица ги загубија животите во денешниот земјотрес што ја погоди Источна Турција со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала. Тоа го соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
- Се надеваме дека нема да има други жртви. Според сегашните информации загинати се четири лица - двајца во Елезиг и двајца во Малатија, изјави Сојлу. зш/