• среда, 27 ноември 2024

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско
Скопје, 22 декември 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 12:57 часот во гостиварскиот регион. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово. Земјотресот е почуствуван во околината на Гостивар, Кичево и Марвово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. бак/ац/

Остани поврзан