Земјотрес од 3,0 степени по Рихтер во гостиварско-мавровскиот регион
- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Те

Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.
- Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. оџ/сп/