• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер регистриран во близина на македонско-грчката граница

Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер регистриран во близина на македонско-грчката граница
Атина, 9 јануари 2022 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран 17 минути пред полноќ по локално време (з.а. 22:43 по македонско време) во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и во нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин. За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.ср/са/

Остани поврзан