• вторник, 24 декември 2024

Велиновска: Земјите од Западен Балкан заостануваат со имплементацијата на Зелената агенда

Велиновска: Земјите од Западен Балкан заостануваат со имплементацијата на Зелената агенда

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Земјите од Западен Балкан заостануваат со имплементацијата на Зелената агенда, како дел од акциските планови на Берлинскиот процес, која треба да биде спроведена до 2030 година, оцени денеска Анамарија Велиновска од Институтот за демократија (ИДСЦС) на панел дискусијата „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“, во организација на Институтот.

На земјава и недостига Закон за климатска акција за да може да отпочне процесот на имплементација на Зелената агенда, рече Велиновска и нагласи дека Северна Македонија е единствената земја во регионот која што го нема донесено тој Закон.

-Законот за климатска акција се уште е во завршна фаза на подготовка. Засега ние сме единствената земја која што го нема донесено тој Закон од земјите од Западен Балкан, меѓутоа имаме соодветни енергетски климатски планови со кои што моментално се покриваме. Предлог нацрт законот е во согласност со сите регулативи на ЕУ, така што се очекува дека кога ќе се донесе тој закон, ќе може да започне имплементацијата на Зелената агенда, рече Велиновска.

Нагласи дека ИДСЦС го следи процесот на дигитализација и соопшти дека до 2028 година тарифите на роамингот со Европската унија би требало да се намалат до 90 отсто од најскапата тарифа која што била до сега, како и да се спроведе дигитална инфраструктура и поврзаност, дигитални вештини во образовниот систем и стекнување доверба во институциите.

Përfitimet e procesit të Berlinit janë të rëndësishme për vendet pjesëmarrëse dhe ekonomitë e tyre, si dhe bashkëpunimi i ndërsjellë, ndërsa tarifat më të ulëta të roaming janë bazë për përpj

-Во однос на заедничкиот регионален пазар започната е имплементација на повеќе активности. Постојат три компоненти, ние ја следиме компонентата на дигитализација. Се зборува за дигитална инфраструктура и поврзаност, дигитални вештини во образовниот систем и доверба во институциите. Освен роамингот имаме и покриеност на земјата со 5G мрежата, дигитални вештини во образовниот систем, како и учество во истражувачки агенции во Европската унија, рече Велиновска.

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер потенцираше дека германската Влада е посветена на Берлинскиот процес.

Канцеларот Олаф Шолц на Самитот во Тирана, посочи амбасадорката, уште еднаш ги истакнал придобивките од Берлинскиот процес кои што можат да ги очекуваат граѓаните од земјите на Западен Балкан.

Иницијативата за намалување на роаминг тарифите што започна во 2017 година, според амбасадорката Дрекслер, претставува достигнување со кое сите може да се гордеат и еден вид основа за уште поамбициозни потфати. 

На панел дискусијата беше присутен и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми, кој рече дека е постигнат договор во рамки на Берлинскиот процес кој оди во прилог на економијата на земјите учеснички.

Пред Самитот во Тирана, потсети Адеми, усвоена е декларација за што повеќе парламентарна димензија на целиот процес.

-Земјите учеснички да бидат присутни во целиот процес во утврдување на агендата и во креирањето на политиките, а секако делот на имплементација е наша работа, бидејќи имајќи предвид тоа што денеска се случувало, договорите се ратификувани од страна на парламентите, како и од нашето Собрание, рече Адеми. ра/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан