Земјите од Г7 го осудија пучот, загрижени за лидерите на Мјанмар
- Групата на седум најразвиени индустриски земји (Г7) денеска го осуди воениот удар во Мјанмар и изрази длабока загриженост за судбината на премиерката Аунг Сан Су Чи и другите притворени полит

Лондон, 3 февруари 2021 (МИА) – Групата на седум најразвиени индустриски земји (Г7) денеска го осуди воениот удар во Мјанмар и изрази длабока загриженост за судбината на премиерката Аунг Сан Су Чи и другите притворени политички лидери.
Во соопштението на Г7 се вели дека министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на ЕУ, се „обединети во осудата на пучот во Мјанмар“.
„Длабоко сме загрижени за притворањето на политичките лидери и активисти на граѓанското општество, вклучително и државните советници, премиерката Аунг Сан Су Чи и претседателот Вин Минт и нападите врз медиумите“, се наведува во соопштението.
Министрите од Г7 ја повикаа армијата на Мјанмар да стави крај на прогласената вонредна состојба и да дозволи непречен хуманитарен пристап за поддршка на најзагрозените во земјата.
„Резултатите од изборите во ноември мора да се почитуваат и парламентот треба да се свика што е можно поскоро“, се наведува во соопштението. паг/