• среда, 25 декември 2024

Земјава помеѓу светските дестинации во „Destinations-ultimate guide for your holiday“

Земјава помеѓу светските дестинации во „Destinations-ultimate guide for your holiday“

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Македонските природни и традиционални убавини претставени во бугарскиот туристички магазин „Destinations-ultimate guide for your holiday“ ја збогатуваат библиотеката на оригинални публикации од независни медиуми како авторитетен, ажуриран и сигурен извор на информации за дестинациите, посочи директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. 

Туристичката репортажа, како што вели во пишана изјава, е со богати содржини и илустрации за неоткриените убавини во нашата земја, претставувајќи ги специфичните вкусови и ено-гастро концептот.

-Соработката со туристичкиот сектор на Бугарија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е континуирана и присуството во медиумите за туристичка промоција на земјава значи повеќе туристи и повеќе остварени ноќевања од страна на бугарските гости. Ено-гастро концептот остави печат оваа година и клучните сегменти од репортажата ги промовираат традиционалните кулинарски специјалитети карактеристични за Кратово, Берово, Струмица, Битола, Дојран, Охрид, Љубојно, потенцира Јаневски.

Посочува дека туристичката промоција во Бугарија е направена во соработка со Руслан Јорданов кој, како што кажа, нагласува дека во време кога желбата за патување е сè поголема, сериозно недостасува искрена комуникација меѓу медиумите и луѓето, а односите треба да се базираат на искреност и отвореност. вј/лв/

Фото: АППТ

Остани поврзан