• петок, 27 декември 2024

Земан од интензивна нега преместен во стандардна соба

Земан од интензивна нега преместен во стандардна соба
Прага, 4 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Чешка, Милош Земан, денеска е преместен од интензивна нега во стандардна соба, соопшти чешката Централна воена болница. - Лекувањето а посебни сложената нутритивна поддршка обезбедена во интензивната нега, доведе до подобрување на клиничката состојба на претседателот. Претседателот денеска беше префрлен во стандарден кревет, се наведува во соопштението на болницата. Земан беше хоспитализиран и на интензивна нега на 10 октомври поради компликации на една од неговите хронични болести, но деталите за дијагнозата не се познати. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан