• вторник, 11 февруари 2025

Зеленски ќе се сретне со потпретседателот на САД на Минхенската безбедносна конференција

Зеленски ќе се сретне со потпретседателот на САД на Минхенската безбедносна конференција

Киев, 10 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс на 14 февруари за време на Минхенската безбедносна конференција, соопшти портпаролот на украинската претседателска администрација Сергиј Никифоров.

Оваа средба се случува во период кога американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на брз крај на војната во Украина. Минатиот петок, Трамп изјави дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски оваа недела.

Покрај тоа, Никифоров откри дека специјалниот пратеник на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе ја посети Украина на 22 февруари, во рамки на дипломатските напори за изнаоѓање решение за војната, која Москва ја почна пред речиси три години. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан