• среда, 25 декември 2024

Зеленски ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина

Зеленски ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина
Стокхолм, 24 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина, еден месец откако ја нападна Русија.
„Сега е веќе цел месец. Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна. Видете што и направи руската војска на нашата земја, изјави Зеленски пред пратениците во шведскиот парламент преку видео врска.
Зеленски, рече дека едномесечното руско бомбардирање на Украина е слично со тоа што светот го виде во Сирија.
Додаде дека десет милиони жители на Украина се раселени и ги повика „шведските компании и државата да дојдат и помогнат во обнова“ на земјата.
Во своето обраќање пред шведските парламентарци, Зеленски, предупреди на можноста Русија да употреби нуклеарно и хемиско оружје. аа/

Остани поврзан