Зеленски ја откажа посетата на Шпанија
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажува очекуваната посета на Мадрид в петок, објавија шпанските медиуми, а информацијата е потврдена и од шпанската кралска палата.

Мадрид, 15 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажува очекуваната посета на Мадрид в петок, објавија шпанските медиуми, а информацијата е потврдена и од шпанската кралска палата.
Палатата денеска ја ажурираше кралската агенда, отстранувајќи ја средбата в петок меѓу шпанскиот крал Фелипе Шести и Зеленски.
Шпанскиот печат објави дека украинскиот лидер ја донел одлуката откако Русија започна нова офанзива во североисточна Украина. рп/
Фото: МИА архива