• среда, 27 ноември 2024

Зеленски: Украинската армија знае да изненади

Зеленски: Украинската армија знае да изненади

Киев, 8 август 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја пофали украинската војска за нејзината способност да „изненади“ и да постигне резултати, но не ја спомена директно ситуацијата во руската област Курск, каде што Москва вели дека Киев извршил напад преку границата.

Украинските вооружени сили досега се чини дека усвоија стратегија на строг молк во однос на нивните акции во рускиот пограничен регион.

„Секој може да види дека украинската армија знае да изненади. И знае како да постигне резултати“, рече Зеленски на настанот за презентирање нова дигитална апликација за да се намали товарот на документацијата за вооружените сили.

„Ова се покажува на бојното поле, каде што нашите војници не само што се спротивставуваат на огромната сила на окупаторите, туку и ги уништуваат на начин неопходен за одбрана на Украина, нашата држава и независност“, додаде тој.

Во друга негова објава на социјалната мрежа Х, Зеленски рече дека од првиот ден од целосната инвазија на Русија, Украина користела политички, дипломатски и воени напори за набавка на борбени авиони Ф-16 и дека сега тие се на  небото над Украина.

„Украина бара од своите партнери да го затворат небото или да обезбедат авиони уште од првиот ден од целосната инвазија на Русија. Знаевме дека тоа е остварливо, дека светот има моќ да го оствари тоа. За таа цел, комбиниравме политички, дипломатски и воени напори. Постепено, чекор по чекор, успеавме да го постигнеме резултатот. Авионите Ф-16 веќе се на украинското небо и ќе ги има повеќе“, напиша Зеленски. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан