Зеленски се очекува да се сретне со папата в сабота
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува в сабота во Ватикан да се сретне со папата Франциско, соопштија денеска дипломатски извори за западни медиуми.
![Зеленски се очекува да се сретне со папата в сабота](https://mia.mk/index.php/images/20230511212141_big_730x400_75.webp )
Ватикан, 11 мај 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува в сабота во Ватикан да се сретне со папата Франциско, соопштија денеска дипломатски извори за западни медиуми.
Планираното патување, кое не е официјално објавено, би се реализирало само две недели откако поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека учествува во мировна мисија за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Папата не даде детали за иницијативата.
Во моментов нема коментар од украинска страна за евентуалната посета.
Италијански дипломатски извор потврди дека Зеленски би можел да дојде во Рим викендов и да се сретне со премиерката Џорџа Мелони. зш/