• среда, 25 декември 2024

Зеленски се заблагодари на ЕУ за создавање нов фонд за помош

Зеленски се заблагодари на ЕУ за создавање нов фонд за помош

Киев, 18 март 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им се заблагодари на раководството на Европската унија и на земјите-членки за создавањето на нов Фонд за помош на Украина во рамките на Европскиот фонд за мир.

- Денеска сакам да му се заблагодарам на раководството на Европската унија и на сите земји-членки за создавањето нов Фонд за помош на Украина во рамките на Европскиот фонд за мир. Сумата е пет милијарди евра што ќе одат за поддршка на нашите одбранбени акции оваа година. Очекуваме и дека овој фонд ќе стане компонента на општиот безбедносен договор меѓу Украина и Европската унија, рече Зеленски во видео порака.

Европската унија денеска најави создавање фонд за воена помош за Украина во износ од пет милијарди евра за 2024 година во рамките на реформираниот Европски фонд за мир. јт/

Фото: Фејсбук скриншот

Остани поврзан