• петок, 08 ноември 2024

Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот на 22 февруари 2022 година

Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот на 22 февруари 2022  година

Киев, 8 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата преку видео порака по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето и примирјето, победата во Втората светска војна.

„Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот наутро на 24 февруари 2022 година. Дури и денес, секој што се сеќава на Втората светска војна и преживеал до ден-денес, се чувствува дежа ву. Битката за Киев, бомбардирањето на Харков, Одеса и Дњепар, масовни гробници, депортации на деца, логори и колонии на затвореници“, напиша Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Х.

„Русија ги врати страниците од учебникот од Втората светска војна во центарот на вниманието на глобалните медиуми, покажувајќи дека нацизмот повторно се појавува со секое ново злосторство. Овој пат, едноставно има нова етикета: 'Произведено во Русија'“, рече тој.

„И, како и во 1945 година, само обединет слободен свет – обединет во коалицијата против Путин – може да ги запре московските нацисти со акција, а не со зборови. Таквиот свет може да спречи ново зло да се шири низ европскиот континент, а на крајот и целиот свет. Таквиот свет е во состојба да ја покаже својата посветеност на зборовите 'Никогаш повеќе'!“, заклучи украинскиот претседател. паг/

 

Остани поврзан