• понеделник, 26 август 2024

Зеленски: Русија денеска истрела повеќе од 100 ракети и лансираше 100 дронови врз Украина

Зеленски: Русија денеска истрела повеќе од 100 ракети и лансираше 100 дронови врз Украина

Киев, 26 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија истрелала повеќе од 100 проектили и лансираше 100 беспилотни летала за време на најновиот утрински напад врз Украина.

-Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор, рече Зеленски на каналот Телеграм.

Британските медиуми јавуваат дека Зеленски повторно ги повика сојузниците да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“.

Русија синоќа лансираше неколку десетици беспилотни летала камикази кон Украина, а утрово изврши масовен напад со крстосувачки и балистички ракети, јавија претходно украинските медиуми.

Експлозии се слушнаа во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.

Украинките власти соопштија дека во нападите загинаа најмалку четири лица и дека дел од Украина е останата без струја, а на некои места нема и вода.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан