• среда, 13 ноември 2024

Зеленски: Русите планираат терористички напад на нуклеарката Запорожје; Песков: Тоа е уште една лага

Зеленски: Русите планираат терористички напад на нуклеарката Запорожје; Песков: Тоа е уште една лага

Киев/Москва, 22 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на каналот Телеграм напиша дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија размислува да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје, што би вклучувало ослободување на опасна радијација, пишува Гардијан.

На ваквата изјава на Зеленски веднаш реагираше Кремљ, наведувајќи дека тоа е „уште една лага“. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) штотуку ја посетијае нуклеарната централа и „дадоа највисоки оценки“. сд/

Остани поврзан