Зеленски разговарал со папата Франциск за тешката хуманитарна ситуација во Украина
- Украинскиот претседател Володомир Зеленски го информира папата Франциск за тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на хуманитарните коридори од страна на руските војници.

Киев, 22 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володомир Зеленски го информира папата Франциск за тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на хуманитарните коридори од страна на руските војници.
„Разговарав со папата Франциск. Му кажав на неговата светост за тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на спасувачките коридори од страна на руските војници. Посредничката улога на Светата Столица во ставањето крај на човечкото страдање е добредојдена. Благодарам за молитвите за Украина и мир“, напиша Зеленски на Твитер. аа/