• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски повторно побара помош од западните партнери по 13-те нови жртви во рускиот напад врз Чернигов

Зеленски повторно побара помош од западните партнери по 13-те нови жртви во рускиот напад врз Чернигов

Киев, 17 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка откако најмалку 13 лица беа убиени во новиот руски ракетен напад утринава врз северниот град Чернигов.

„Тоа немаше да се случи доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и имаше доволна решеност на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на Телеграм.

Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко во изјава за Телеграм кажа дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени, а спасувачките операции се во тек.

Во нападот беа оштетени четири високи згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.

Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.

Русија го изврши нападот со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис Суспилна.

-Локалното население е повикано да дарува крв, рече градоначалникот Олександр Ломако.

Чернигов се наоѓа на околу 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија.

Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернигов беше нападнат, но не беше преземен. Во последните две години тој често е цел на руски артилериски оган и воздушни напади.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан