• среда, 27 ноември 2024

Зеленски на „стратешки состанок“ за енергетската безбедност

Зеленски на „стратешки состанок“ за енергетската безбедност
Киев, 19 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговараше со високи претставници на земјата за безбедноста на објектите за снабдување со електрична енергија, по руските воздушни напади врз енергетската инфраструктура.
Зеленски рече дека станува збор за „стратешки состанок“ и дека со неименувани претставници разговарал за мерките за „елиминација на последиците во случај на дефект на енергетскиот систем на Украина“.
„Работиме на создавање мобилни точки за напојување за критичната инфраструктура на градовите, населбите и селата“, напиша украинскиот лидер на Телеграм.
Тој додаде дека се подготвуваат за различни сценарија за можни последици и дека Украина ќе се брани, „без разлика што планира и прави непријателот“. паг/
   

Остани поврзан