• сабота, 16 ноември 2024

Зеленски: Наша задача е да го нарушиме обидот на Русија да ја прошири војната

Зеленски: Наша задача е да го нарушиме обидот на Русија да ја прошири војната

Киев, 13 мај 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека главна задача на Украина сега е да го наруши рускиот обид да ја прошири војната.

- Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, одбранбените дејствија продолжуваат, а тој правец е зајакнат, особено Вовчанск и пограничните региони … Нашата задача е апсолутно јасна – да го нарушиме рускиот обид за проширување на војната. Исполнувањето на оваа задача буквално зависи од сите кои во моментов се наоѓаат на позиции-од Чернихив до Вовчанск, од Харков до регионот Доњецк. На украинската почва не треба да постои безбедно место за окупаторот, рече Зеленски во вечерното видео-обраќање.

Тој потсети дека со шведскиот премиер Улф Кристерсон разговарал за деталите од новиот пакет помош и за можностите за проширување на соработката, вклучително и финансирање на производството на оружје.

Зеленски наведе и дека со канадскиот премиер Џастин Трудо разговарал за поддршка за оклопни возила и артилерија. јт/

Фото: Фејсбук скриншот

Остани поврзан