• понеделник, 16 декември 2024

Зеленски нареди да се формира специјален огранок на украинските сили за дронови

Зеленски нареди да се формира специјален огранок на украинските сили за дронови

Киев, 6 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска нареди формирање на специјален огранок на украинските вооружени сили за беспилотни летала.

Зеленски потпиша декрет со кој ја повикува владата и генералштабот на вооружените сили да разработат прашања за формирањето на тие сили.

Во ноќното видео обраќање Зеленски посочи дека тоа не е прашање за иднината, туку прашање кое наскоро мора да даде конкретни резултати и оти оваа година мора да биде одлучувачка во многу аспекти, вклучително и на бојното поле. јт/

Фото: Фејсбук принтскрин

Остани поврзан