• среда, 05 март 2025

Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија

Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија

Киев, 27 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој утре заминува за САД, синоќа инсистираше на потребата неговата земја да добие „безбедносни гаранции“ од Западот.

Зеленски утре во Вашингтон треба да разговара со Доналд Трамп.

-Гаранциите за мир и безбедност се клучот за спречување на Русија да уништува животи во другите нации, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање до нацијата.

Тој исто така рече дека за него „ и за сите нас ширум светот, е важно да не престане помошта на Америка“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан