• четврток, 26 декември 2024

Зеленски за големата реконструкција на владата: На Украина и треба нова енергија

Зеленски за големата реконструкција на владата: На Украина и треба нова енергија

Киев, 4 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и е потребна „нова енергија“, наредувајќи го најголемиот ремонт на владата од почетокот на војната против Русија.

-Денеска ни треба нова енергија, а овие чекори се поврзани само со зајакнување на нашата земја во различни правци, изјави Зеленски.

Украинската Рада денеска ги прифати оставките на вицепремиерката Олга Стефанишина  и тројца други министри, но не и оставката на вицепремиерката Ирина Верешчук и првиот човек на Фондот за државен имот, Виталиј Коваљ. 

Денешната оставка на шефот на дипломатијата Дмитро Кулеба се уште не е разгледана, додаваат претставници на власта на Телеграм.

Во следните денови се очекуваат дополнителни оставки и нови именувања, откако петмина министри вчера поднесоа оставки. сд/

Остани поврзан