• четврток, 07 ноември 2024

Зеленски: Европејци! Видовте. Знаeте

Зеленски: Европејци! Видовте. Знаeте
Киев, 10 март 2022 (МИА) -  Во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика европските граѓани да направат повеќе за да извршат притисок врз нивните влади да интервенираат во Украина. - Европејци! Нема да можете да кажете дека не сте виделе што се случи со Украинците, што се случи со жителите на Мариупол. Видовте. Знаете“, вели тој. Зеленски го повика Западот да ги зголеми санкциите кон Русија и да „изврши притисок“ врз Москва да ја принуди да преговара и да ја прекине војната, пренесува Би-Би-Си. - Ние не направивме и никогаш немаше да направиме нешто слично на ова воено злосторство во ниту еден од градовите во Доњецк, Луганск или кој било друг регион“, рече тој, мислејќи на источните отцепени региони на Украина. „До кој било од градовите на земјата“. ссм/

Остани поврзан