• среда, 25 декември 2024

Зеленски добил покана од Видода да присуствува на Самитот на Г-20

Зеленски добил покана од Видода да присуствува на Самитот на Г-20
Киев, 27 април 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што кон крајот на годината се одржува во Индонезија. Украина не е членка на Г-20, но лидерите на Групата претходно канеа државите како гости на заеднички собири. Г-20 претходно ја осуди руската инвазија врз Украина. Неколку земји-членки на Г-20 повикаа на исклучување на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин од Самитот на Бали во ноември, но Индонезија, која претседава со Г-20 наведе дека е прерано да се одлучи. Индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Идравати призна дека Г-20 се соочува со невидени предизвици, но повика на соработка за надминување на пречките кои го забавуваат глобалниот раст. Минатата недела на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон, претставниците на САД, на Велика Британија и на Канада ја напуштија салата кога зборуваа руските претставници. ми/

Остани поврзан