• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски го потпиша новиот Закон за мобилизација

Зеленски го потпиша новиот Закон за мобилизација

Киев, 16 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша новиот закон со кој се менуваат правилата за мобилизација, јавија британските медиуми, повикувајќи се на веб-страницата на парламентот.

Нормативниот акт ќе стапи во сила еден месец по објавувањето во службениот весник и со него  се обврзуваат сите мажи да ги ажурираат податоците, што им ги даваат на властите, помага во финансирањето на волонтерите и додава нови казни за избегнување воена служба.

Законот предвидува сите мажи во Украина, на возраст од 25 до 60 години, да може да бидат мобилизирани, објави агенцијата Укринформ.

За време на мобилизацијата, сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години мора постојано да носат документ за воена регистрација, што може да го достават до полицијата, службениците во Центар за регрутирање и граничарите, на нивно барање.

Откако законот ќе биде објавен, сите нови регрути мора да ја ажурираат својата постојана адреса, деталите за контакт и другите детали поврзани со војската. Ова може да се случи во воените Центри за регрутирање, Центрите за административни услуги или со онлајн поднесок.

Новиот закон јасно ги дефинира категориите на мажи на задолжителна возраст кои се ослободени од воена служба, вклучително и поради одредени здравствени и семејни причини.

Законот содржи одредби насочени кон мотивација, како што е правото на регрутите самостојно да ја изберат својата претпочитана гранка на војската.

Законот предвидува и дополнително наградно отсуство или награда за уништување или заробување на непријателска воена техника или опрема. Годишниот одмор се доделува на делови во текот на календарската година, при што главниот дел се одредува на 15 или повеќе дена. Еден месец служба се брои како три ако поединецот е директно стациониран во борбени области додека е на сила воената состојба.

Законот беше изгласан од Врховната Рада на 11 април а владините планови ги поддржаа 283 пратеници.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан