• вторник, 26 ноември 2024

Зеленски во недела ќе разговара со лидерите на Г7

Зеленски во недела ќе разговара со лидерите на Г7
Вашингтон, 6 мај 2022 (МИА) - Лидерите на Г7, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, во недела ќе одржат видео-повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да изразат единство пред руското одбележување на Денот на победата, соопшти  денеска Белата куќа.
Разговорите ќе се фокусираат на најновите случувања во руската инвазија на Украина, напорите да и се помогне на Украина и начините да се покаже „континуирано единство на Г7 во нашиот колективен одговор, вклучително и наметнување големи трошоци за војната на Путин“, најави во понеделникот портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Лидерите на земјите од Г7 (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија) во недела ќе одржат виртуелен состанок со Зеленски, додаде портпаролот. паг/
   

Остани поврзан