• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Верувам дека сите членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот Украина да добие статус на кандидат за влез во ЕУ

Зеленски: Верувам дека сите членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот Украина да добие статус на кандидат за влез во ЕУ
Киев, 22 јуни 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека верува оти сите земји-членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ на самитот оваа недела. „Верувам дека сите 27 земји-членки на ЕУ ќе не поддржат во стекнувањето кандидатски статус“, рече Зеленски во видео-изјавата пред студентите на Монк школата за глобални прашања и јавна политика во Торонто. „Тоа е како да излезете од темнината во светлината“, додаде тој.

Заменик-премиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции Олха Стефанишина денеска изјави дека е сигурна дека сите 27 земји од ЕУ ќе ја прифатат кандидатурата на Украина за членство на самитот оваа недела.

Стефанишина рече дека одлуката би можела да биде донесена утре, за време на првиот дел од дводневниот самит во Брисел.

Таа додаде дека земјите кои претходно беа скептични, Холандија, Шведска и Данска, сега го поддржуваат доделувањето кандидатски статус на Украина. паг/

 

Остани поврзан