• понеделник, 18 ноември 2024

Зеленски вели дека Украина нема да влезе во НАТО без областите окупирани од Русија

Зеленски вели дека Украина нема да влезе во НАТО без областите окупирани од Русија

Киев, 19 декември 2023 (МИА)  - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата Украина да влезе во НАТО без нејзините територии окупирани од Русија, јави ДПА.

-Украина нема да се согласи на поделен пристап. Не добивме таков предлог од ниту еден од нашите партнери. Исто така, тешко ми е да замислам како тоа би изгледало, изјави денеска Зеленски во Киев. 

Тој додаде дека „најсилната безбедносна гаранција за Украина ќе биде нејзиниот пристап во западниот одбранбен сојуз како цела земја“.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, сугерираше дека Украина може да биде прифатена во воениот сојуз дури и ако не ја контролира целата нејзина територија, тврдејќи дека тоа ќе ја одврати Русија од напад на украинска територија. мс/

 

Остани поврзан