• вторник, 24 декември 2024

Здружението ,,Тиквешки семејни винарии" ќе се преименува во ,,Македонски семејни винарии"

Здружението ,,Тиквешки семејни винарии

Kавадарци, 22 јуни 2023 (МИА) - Здружението ,,Тиквешки семејни винарии" ќе се преименува во ,,Македонски семејни винарии". Ваква одлука била донесена на синоќешното годишно изборно собрание на здружението со седиште во Кавадарци. Реизбраниот претседател, Горан Јаковлевски појасни денеска за МИА, дека на почетокот, здружението го формирале неколку семејни винарии од Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. 

- Поради зголемување на членството од цела држава, донесена е одлука името на здружението да се промени. Целта е да се обединат сите мали винарии во државата. Во моментов во нашето здружение членуваат 60 семејни винарии од цела држава, иако најголем дел се од Тиквешијата. Наша заедничка цел и понатаму останува промоција на македонското квалитетно вино и други производи од грозје, на домашниот и на светскиот пазар. На состанокот, донесовме и одлука за тимот што ќе го води здружението во наредните две години, додаде Јаковлевски. 

Тој се осврна и на постигнатиот успех на македонските винарии на 12 The Balkans international wine competition and festival, што се одржа во Романија.

- Во конкуренција од 1.200 вина од 360 винарии од 10 земји, македонските винарии се вратија со 109 награди. Горди сме на трoфеј за најдобро црвено вино од автохтона сорта, трофеј за најдобро розе вино од автохтона сорта, трофеј за најдобро вино од Македонија,  пет двојни злата, 25 златни, 28 сребрени и 47 бронзени медали, нагласи Јаковлевски. свд/дма/


Фото : Здружение ,,Македонски семејни винарии" 

Остани поврзан