• среда, 27 ноември 2024

Здружението „Тиквешки семејни винарии" и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино „станушина"

Здружението „Тиквешки семејни винарии

Кавадарци, 23 април 2023 (МИА) - Здружението „Тиквешки семејни винарии" и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино „станушина", информираше денеска за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. Манифестацијата во чест на сортата што беше пред изумирање, но повторно се врати во лозовите насади, ќе се одржи на 7 мај. 

- На програмата, исто како и лани, се две предавања од областа на лозаровинарството, од стручни лица, докажани во овој сектор. Ќе има и дегустација и своевидно спарување на вино „станушина" со македонска храна. Претходно, во агендата ни е и поетско читање во кавадаречката винотека, на тема, вино и поезија, вино и уметност, соопшти Јаковлевски. 
 
Тој нагласи дека благодарение на законските измени, со кои се овозможи регистрирање и полесно функционирање на малите семејни винарии, нивниот број континуирано расте. Притоа додаде дека во здружението, веќе има и членки, фамилијарни винарии од други општини во државата. 
 
- Квалитетот на вината секојдневно расте, а доказ за тоа се бројните награди во земјава и странство, што ги освојуваат вината произведени во малите семејни винарии, рече Јаковлевски. свд/вг/
 
 
Фото : МИА архива

Остани поврзан