Здружението на пензионери од Вевчани одбележа една деценија од формирањето
- Со свечена седница Здружението на пензионери - Вевчани денеска одбележа десет години од формирањето.

Вевчани, 9 ноември 2022 (МИА) - Со свечена седница Здружението на пензионери - Вевчани денеска одбележа десет години од формирањето.
Говорејќи за еднодецениското работење, пред присутните, претседателот на Извршниот одбор Витомир Костојчиноски, се осврна на развојот и постигантите успеси.
- Значително ги подобривме здравствените услови за пензионерите во населбата и го решивме просторното прашање со адаптација на Клубот на пензионери во зградата на Општина Вевчани. Имаме плодна соработка со повеќе здруженија на пензионери од низ државата, но и со други институции. Нашето здружение има сопствена визија во решавањето на секојдневните животни потреби на пензионерите, кои ќе ги решаваме во соработка со Сојузот на пензионери, истакна Костојчиноски.
Здружението на пензионери - Вевчани е формирано на 29 ноември 2012 година, а во моментот брои над 380 членови. сс/аа/