• среда, 15 јануари 2025

Здравствен дом Куманово има потреба од вработување општи лекари

Здравствен дом Куманово има потреба од вработување општи лекари

Куманово, 14 јануари 2025 (МИА) - Набавка на транспортно возило за потребите на Итна помош Куманово и вработување на општи лекари се приоритет за тековната година за Здравствениот дом, соопштија денеска надлежните. Итна помош Куманово располага со три возила, од кои само две се функционални.

-Поднесено е барање до надлежното Министерство, за набавка на возило. Едно од возилата постојано е на сервис, поправка, а територијата која ја покриваме е прилично голема и е густо населена, изјави директорот на Здравствен дом, Седат Зулбеари.

Во однос на дополнување на кадарот, јавната здравствена установа поднела барање за специјализација на еден лекар од областа на детска и превентивна стоматологија. Во момент во институцијата има специјалисти лекари, двајца по биохемија, за вакцинација еден специјалист педијатар и уште еден на специјализација на педијатрија, еден за медицина на труд и еден специјалист. Специјалист има и за детска и превентивна стоматологија.

-Моментално најголемите потреби на нашата институција се однесуваат на општи лекари кои можат да ги покријат секојдневните здравствени услуги за пациентите. Исто така поради пензионирање имаме потреба и од сестри како и возачи, изјави Зулбеари.ам/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан