• четврток, 26 декември 2024

Здравствените работници од ковид-центрите ќе бидат целосно вакцинирани во следните десетина денови

Здравствените работници од ковид-центрите ќе бидат целосно вакцинирани во следните десетина денови
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - На ден се вакцинираат од 250 до 350 лица. Вакцинацијата оди добро и се спроведува во пунктот во Здравствениот дом - Скопје и во таа смисла сметам дека сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите ќе бидат вакцинирани целосно во следните десетина денови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. - Една од опциите беше да започнеме со вакцинација на постарите лица. Меѓутоа тоа што се случи во меѓувреме беше зголемување на бројот на пациенти на кои што им е потребна хоспитализација и ангажирање на дополнителен кадар од медицински сестри и лекари од други одделенија кои треба да работат со овие пациенти. Од 4000 илјади се зголеми бројот на здравствени работници кои сега ќе работат со ковид-пациенти и затоа донесовме одлука тие да бидат во првата приоритетна група, изјави министерот Филипче. оџ/сп/

Остани поврзан