• недела, 29 декември 2024

Зголемување на цените на билетите за траекти во Грција

Зголемување на цените на билетите за траекти во Грција
Атина, 23 март 2022 (МИА) – Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по зголемувањето на меѓународните цени на нафтата поради војната во Украина“, од 18 март некои од компаниите веќе ги зголемиле цените, а другите тоа ќе го сторат од 1 април. Па така, цените на траектите, како што пренесува грчката новинска агенција, од атинските пристаништа кон дел од островите, се зголемени за 3,5 до 4,5 евра. Билетот од Пиреас до Парос, од 38,5 евра сега чини 42,5, до Миконос од 40 е зголемен на 44 евра, до Сирос од 35 на 38,5 евра, а зголемувања од околу десет отсто има и за возилата. ср/паг/

Остани поврзан