• сабота, 23 ноември 2024

Зголемен прометот од продажба на услугите, најмногу во туризмот

Зголемен прометот од продажба на услугите, најмногу во туризмот
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Прометот од продажбата на услугите во второто тримесечје од 2022 година покажува зголемување во однос на второто тримесечје од 2021 за 12,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2022 година во однос на истото тримесечје од 2021 година, зголемување има во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (тур-оператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и изнесува 142 отсто, во одделот Објекти за сместување со зголемувањe од 46,2 процента и во одделот Дејности за подготовка на оброци и служење храна, каде што зголемувањето изнесува 44,4 отсто. мч/лв/  

Остани поврзан