• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција

Атина, 4 октомври 2024 (МИА) – Зголемен број на позитивни, зголемен број хоспитализирани и зголемен број починати лица од Ковид-19 се регистрирани во изминатата седмица во Грција, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 23 до 29 септември, со Ковид-19 биле хоспитализирани 672 лица, а од вирусот починале 35 лица.

Според ЕОДИ позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување споредбено со една седмица претходно.

Во однос на хоспитализираните 672 лица, исто така има зголемување, со оглед на тоа што просекот во претходните четири седмици бил 593 лица, додека пак на апарати биле приклучени девет пациенти.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во изминатата седмица е 35, додека просечниот неделен број на починати во претходните четири седмици бил 29 лица. ср/ссм/

Остани поврзан