• сабота, 23 ноември 2024

Зголемени увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи 

Зголемени увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи 
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 14,2 отсто на месечно ниво и за 131,8 отсто на годишно ниво, информира Државниот завод за статистика. Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Нивни главни корисници се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.вј/лв/  

Остани поврзан