• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Во јули 2024 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 3,5 проценти на годишно ниво.

Според Државниот завод за статистика, во јули 2024, во споредба со јуни 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Во јули 2024, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 11,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за шест проценти. мч/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан