• сабота, 23 ноември 2024

Зголемени безбедносни мерки во Њујорк и Лос Анџелес по убиството на Селејмани

Зголемени безбедносни мерки во Њујорк и Лос Анџелес по убиството на Селејмани
Вашингтон, 3 јануари 2020 (МИА) - Безбедносните служби на Њујорк и Лос Анџелес се во состојба на зголемена готовност за заштита на делови од градовите каде можат да се случат терористички напади по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Њујоршкиот градоначалник Бил Де Бласио се обрати до градската управа со инструкции полицијата да преземе заштитни мерки поради „обиди на Иран или нивни терористички сојузници да се одмаздат на Америка“. Од градот посочуваат на „зголемена будност за секакви закани која ќе трае долго“. Од полицијата во Лос Анџелес денеска соопштија дека нема кредибилни закани во центарот на градот, но дека се следи развојот на настаните во Иран. - Продолжуваме со координација со државните, локалните, федералните и меѓународните безбедносни служби и партнери за споделување разузнавачки информации за развојот на настаните, се наведува во соопштение од полицијата во Лос Анџелес, објавено на Твитер. Инаку, во Вашингтон денеска имаше различни партиски реакции за американскиот воздушен напад и елиминацијата на иранскиот генерал. Републиканците ја поддржаа наредбата на претседателот Доналд Трамп да се изврши таков напад, додека демократите прашуваат зошто Конгресот не бил советуван и бараат детали за идните чекори. Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, побара Белата куќа да ги брифира законодавците и да сподели какви планови има за наредниот период. Сулејмани беше убиен изутринава во близина на аеродромот во Багдад. Стејт департментот препорача сите американски државјани кои се во Ирак итно да ја напуштат земјата поради очекуваната ескалација на настаните во регионот. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан