• вторник, 24 декември 2024

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари годинава се повисоки за 2,7 отсто на месечно и за 18,1 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2022 година, во споредба со декември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 10,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,1, Енергија за 2,5, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,0 отсто. Во споредба, пак, со јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 39,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 24,5, Капитални производи за 35,2, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто. вј/сп/

Остани поврзан