• сабота, 06 декември 2025

Зверев го откажа настапот на турнир во Гштад

Зверев го откажа настапот на турнир во Гштад

 

Гштад, 11 јули 2025 (МИА) – Третиот светски тенисер, Германецот Александар Зверев, се повлече од настап на турнирот во Гштад, објавија денеска организаторите.

Зверев беше елиминиран во првото коло на Вимблдон, откако во маратонски дуел во пет сетови загуби од Французинот Артур Риндеркнех, а германскиот тенисер подоцна им изјави на новинарите дека се чувствува „празно“ и размислува да почне процес на терапија.

„Александар Зверев за жал се повлече од EFG Swiss Open во Гштад 2025 од лични причини“, соопштија организаторите.

На годинешното издание на турнирот во Гштад, како што прецизираа организаторите, нема да се појави ниту ланскиот освојувач Италијанецот Матео Беретини, кој, исто така, испадна во првото коло на Вимблдон. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан