• сабота, 23 ноември 2024

За 300 пати зголемен број пожари годинава, прилепската единица се бори и за нови пожарникари

За 300 пати зголемен број пожари годинава, прилепската единица се бори и за нови пожарникари

Прилеп, 9 јули 2024 (МИА) - За 300 пати е зголемен бројот на пожарите од почетокот на годинава во Прилепско, од кои половината на отворено. Главната причина се тропските температури, и од прилепската противпожарна единица стравуваат дека ќе ги има и наредниот период поради најавите за високи температури.

-За 300 проценти годинава е зголемен бројот на пожарите. Имаме околу 360, половината се на отворен простор. Опасноста е голема  и оттука апелот до граѓаните да не палат ниту стрништа, ниту ниска вегетација, рече Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

Само во последното деноноќие, пожарникарите се бореа со три огнени стихии, од кои две во индустрискиот дел. Во опасност беа прилепските компании.

-Едниот пожар беше на само 500 миетри зад зградата на противпожарната единица. Се закануваше голема опасност за објектите. Стануваше збор за деловни простории на „Мебел венеција“, на хали на „Васидора“, на „Леов“ фабриката, хала на „Витаминка“, околни викендици и куќи, зашто станува збор за населено место. Интрервенцијата беше тешка. Немаше можност да се влезе со возила, моравме да ја уриваме оградата за да не дојде до пожар од големи размери. Се случи и голем пожар зад поранешната фабрика „Билјана“ каде се градежната фиорма „Теракота“ и ресторанот „Лаки“, но со брзата интервенција спречивме голема катастрофа, рече Момироски.

Прилепската противпожарна единица се бори и со недостигот од пожарникари. На располагање се 43, сега, преку локалната самоуправа се ангажирани уште шест, но за Регионот се потребни уште 15-тина пожаркинари. Во моментов нема активен пожар во Прилепско. ем/сст/

фото извор МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан