• вторник, 17 март 2026

Министерот за одбрана на Грција во посета на Бугарија

Министерот за одбрана на Грција во посета на Бугарија

Атина, 12 март 2026 (МИА) – Министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, денеска е во посета на Бугарија, по покана од неговиот бугарски колега Атанас Запрјанов, посета што според грчкото Министерство за одбрана е „во рамките на зајакнувањето на билатералните односи во областите на одбраната, безбедноста и иновациите“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за одбрана на Бугарија информираа дека на средбата ќе се разговара за „актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната“.

Дендиас освен билатералната средба што ќе ја има со Запрјанов, ќе биде примен и од премиерот на Бугарија, Андреј Ѓуров.

Министрите за одбрана на двете земји минатата седмица остварија два телефонски разговори, по што Дендиас соопшти дека Грција ќе обезбеди итна поддршка за противвоздушната одбрана на Бугарија преку распоредување на ракетна батерија „Патриот“ и ловци Ф-16 во пограничниот појас, откако било доставено соодветно барање од официјална Софија. ср/ми/

Фото: Икс- Никос Дендиас

Остани поврзан