• среда, 25 декември 2024

За утре закажана седница на Советот за безбедност

За утре закажана седница на Советот за безбедност
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 11 часот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерките за нејзино надминување. На седницата, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши. сст/нд/                    

Остани поврзан