• сабота, 23 ноември 2024

За утрешниот втор уписен рок, во гимназиите во Дебарско слободни места на претек

За утрешниот  втор уписен рок, во гимназиите во Дебарско слободни места на претек
Дебар,  21 август   2022 (МИА) - Во трите гимназии, колку што функционираат во Дебарско, за утрешното, второ пријавување за упис во прва година, слободни се 338 ученички места, откако во трите пријавувања од првиот, јунски, уписен рок, се запишале само 70 ученици или 17,1 отсто од предвидените 408 со Конкурсот на министерството за образование и наука.
 
Во дебарската гимназија „28 ноември“, во прва година, предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто. Запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик. 
 
-Врз основа на конкурсот на МОН, можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелки, од кои три, со 102 ученика,  за настава на македонски и пет, со 170 ученици на албански наставен јазик, велат од управата на училиштето.
 
И во двете останати гимназии слободни места има многу.
 
Во гимназијата "АТА" во Центар Жупа планираната бројка за упис е 68 односно по 34 ученици на македонски и турски наставен јазик. Пополнети се само 18 ученички места од нив 17 за настава на турски и само едно на македонски наставен јазик.
 
Од предвидените 68 ученички места, во две паралелки на македонски наставен јазик, во гимназијата " Маврово-Ростуше" во Ростуше пополнети се само 15.  
 
Пријавувањето, кое е по електронски пат, ќе се врши во текот на утрешниот ден до 24 часот. вт/бк/

Остани поврзан