• среда, 25 декември 2024

За седум дена санкционирани 195 непрописно паркирани возила во центарот на Скопје

За седум дена санкционирани 195 непрописно паркирани возила во центарот на Скопје

Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – За седум дена санкционирани се 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

 

Во соработка со сообраќајната полиција-Скопје, од ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.01. до 15.01.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 97 непрописно паркирани возила.

 

– Со поставување на механичко средство „Блокатор“ нкционирани се 98 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се посочува во соопштението.

 

Најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. цр/ац/

Остани поврзан