За седум дена казнети 133 возачи, кои непрописно паркирале возила во општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од 26 мај до 1 јуни годинава со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од 26 мај до 1 јуни годинава со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. мд/дма/
Фото: ЈП ПОЦ и Општина Центар